31 октомври и 1 ноември се отворени денови за посета на Агенцијата

image_pdfimage_print

Скопје, 28.10.2019 – Во рамки на Деновите на медиумска писменост, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 31 октомври и 1 ноември организира отворени денови за посета на институцијата.

Овие два дена, граѓаните ќе имаат можност одблизу да се запознаат со надлежностите на Агенцијата, како и проектите и активностите кои таа ги презема за подигнување на нивото на медиумската писменост.

На 31 октомври, Агенцијата може да се посети во термините од 09:30 – 10:30 и од 11:00 – 12:00 часот, додека на 1 ноември во терминот од 11:00 до 12:00 часот.

Учеството на отворените денови треба да се пријави на е-адресата j.ismaili@avmu.mk или на тел.02/3103 – 406, најдоцна до 30.10.2019 година.

Accessibility