Основци и средношколци од неколку скопски училишта во посета на Агенцијата

image_pdfimage_print

Скопје, 1 ноември 2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера и денеска организираше отворени денови за посета на регулаторот за медиуми во рамки на Деновите на медиумска писменост.

За време на отворените денови групи ученици од осмо и деветто одделение од Основните училишта „Гоце Делчев“ и „Јан Амос Коменски” и средношколци од Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ од Скопје, покажаа интерес одблизу да се запознаат со надлежностите на Агенцијата и активностите кои се преземаат за подигнување на нивото на медиумската писменост.

 

На учениците, на лесен и пристапен начин прилагоден за возраста, преку видео и пишан материјал им беше презентирано како да ги препознаат дезинформациите, лажните и злонамерни информации кои се појавуваат на различни видови медиуми и интернет содржини. Истовремено,  имаа можност потемелно да се запознаат со медиумската писменост и критичкото мислење, да ги збогатат знаењата и да добијат пошироко медиумско описменување надвор од формалното образование.



Accessibility

Accessibility