1

Контролен програмски надзор врз 5 телевизии

Скопје, 13.11.2019г. – Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз ТВ Дибра, ТВ Ера, ТВ Морис, ТВ Нова и ТВ Тера за да утврди дали постапиле по решенијата за преземање меркa јавна опомена претходно упатени од Агенцијата.

Надзорот покажа дека ТВ Морис на 24 октомври 2019 година, на својата програма не емитуваше најмалку половина од законскиот минимум изворно содадена програма како македонски аудиовизуелни дела во периодот од 07:00 до 19:00 часот, ТВ Нова на 14 октомври, не емитуваше најмалку 30% програма изворна создадена како македонски аудиовизуелни дела додека ТВ Тера на 9, 10 и 11 октомври, во текот на емисијата за земјоделство „АгроИнфо“ прикажа странски прилог титлуван на англиски јазик, без да обезбеди превод на македонски јазик.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ Дибра – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) 13.11.2019

ТВ Ера – (член 64 од ЗААВМУ) – 13.11.2019

ТВ Ера – (член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 13.11.2019

ТВ Морис – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) 13.11.2019

ТВ Нова – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) 13.11.2019

ТВ Тера – (член 64 од ЗААВМУ) – 13.11.2019

ТВ Тера – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) 13.11.2019