Редовен програмски надзор врз ТВ Канал 5, ТВ Алфа, ТВ Телма, ТВ Алсат-М и ТВ Сител

image_pdfimage_print

Скопје, 13 ноември 2019 – За обврските за употреба на јазикот во програмата, емитување дневно 12 часа програма на телевизијата и емитување најмалку 30% изворно создадена програма како македонски аудио и аудиовизуелни дела во периодот од 07:00 до 19:00 часот, редовен програмски надзор е извршен врз ТВ Канал 5, ТВ Алфа, ТВ Телма, ТВ Алсат-М и ТВ Сител.

Само кај ТВ Алсат-М е констатирано прекршување на обврската за употреба на јазикот во програмата, односно емитувани се промотивни најави на два американски филмови изворно на англиски и на индиски јазик, без превод на албански или на македонски јазик, јазици на кои според дозволата за ТВ емитување ТВ Алсат-М треба да емитува програма.

Извештаите од надзорите се достапни на линковите:

ТВ Канал 5 (член 64, член 90 и член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 12.11.2019

ТВ Алфа (член 64, член 90 и член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 12.11.2019

ТВ Телма (член 64, член 90 и член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 12.11.2019

ТВ Алсат-М (прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 12.11.2019

ТВ Сител (член 64, член 90 и член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 12.11.2019



Accessibility

Accessibility