Скопје, 19.11.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес отвора јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 годинa (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги), Нацрт-годишниот план за вршење административен надзор за 2020 годинa, и Нацрт-годишниот план за вршење програмски надзор за 2020 година.
Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа и истите да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.
Јавната расправа ќе трае до 19 декември 2019 година.