1

Редовен програмски надзор врз 3 кабелски оператори

Скопје, 20.11.2019г. – Врз операторите МУЛТИМЕДИЈА НЕТВОРК Л од Гостивар, ТЕЛЕНЕТ КОМ од Тетово и СКРЕМБЛ од Ново Село извршен е редовен програмски надзор за обврските коишто се однесуваат на регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите кои ги реемитуваат операторите. При надзорот е констатирано дека кабелскиот оператор СКРЕМБЛ од Ново Село за своите корисници ги реемитува програмските сервиси “24 Kitchen”, “National Geographic”, “FOX“, “FOX Life“ и “FOX Crime” кои не се опфатени со потврдите за регистрација на програмски сервиси издадени од Агенцијата.

Извештаите од надзорите може да се преземат на линковите:

МУЛТИМЕДИЈА НЕТВОРК Л– (член 64 став 2 од ЗААВМУ) – 19.11.2019

ТЕЛЕНЕТ КОМ – (член 64 став 2 од ЗААВМУ) – 19.11.2019

СКРЕМБЛ – (прекршување на член 141 од ЗААВМУ) – 20.11.2019