Контролен и вонреден надзор врз ТВ Канал 21 од Велес и ТВ Нова од Гевгелија

image_pdfimage_print

Скопје, 21.11.2019г. – Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз ТВ Канал 21 од Велес и ТВ Нова од Гевгелија, за да утврди дали постапиле по решенијата за преземање меркa јавна опомена, претходно упатени од Агенцијата.

 

Надзорот покажа дека на програмата на локалната ТВ Канал 21 на 26 октомври, повеќе програми беа емитувани без да бидат означени со сигнализација за заштита на малолетните лица, додека во емисијата „Слободно“, не се објавени податоците за импресум.

По мерките јавна опомена нема постапено ниту локалната ТВ Нова од Гевгелија, која на 16 октомври, на својата програма го емитуваше играниот филм „Бркач на мачки“ со погрешна предупредувачка сигнализација за заштита на малолетните лица, истовремено не се обезбедени ниту информациите што треба да им се направат достапни на корисниците.

Врз ТВ Нова, извршен е и вонреден програмски надзор, по службена должност, за обврската за заштита на малолетните лица од програми што би можеле да им наштетат на нивниот физички, психички и морален развој, при кој се утврди дека на 16 октомври, играните филмови „Тајната на викендичката“, „Нејзина мала работа“, „Максимална казна“ и „Бркач на мачки“, беа емитувани во несоодветно време од деноноќието.

 Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ Канал 21 – (прекршување на член 14 од Законот за медиуми) – 21.11.2019

ТВ Канал 21 – (прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 21.11.2019

ТВ Канал 21 – (член 98 став 1 од ЗААВМУ) – 21.11.2019

ТВ Нова – (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 21.11.2019

ТВ Нова – (прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ, член 16 од Правилникот за заштита на малолетните лица) – 21.11.2019

ТВ Нова – (прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ, член 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица) – 21.11.2019



Accessibility

Accessibility