Изречени мерки јавна опомена за ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Телма и ТВ Нова

image_pdfimage_print

Скопје, 11 декември 2019 – Советот на Агенцијата на 45-та седница одржана на 6 декември, врз основа на констатации од извршени надзори каде е утврдено непочитување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми, донесе  8 Решенија за изрекување на мерки јавна опомена.

На ТВ Канал 5, ТВ Алфа, ТВ Телма мерка јавна опомена е изречена поради емитување реклами на поделен екран меѓу кои не минува законски пропишаниот период од најмалку 15 минути. Дополнително на ТВ Алфа јавна опомена е изречена и за не означување на програмата со сигнализација за заштита на малолетните лица, додека на ТВ Телма поради не објавување на податоци за импресум.

На ТВ Алсат-М мерка јавна опомена е изречена поради емитување на промотивни најави за играни филмови без превод на албански или македонски јазик, на кои според ТВ дозволата треба да се емитува програмата, додека на ТВ Нова од Гевгелија за емитувана програма на англиски јазик без превод на македонски јазик и не емитување најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела.

Изречените мерки јавна опомена може да се преземат на следните линкови:

 ТВ Алсат-М – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 10.12.2019

ТВ Алфа – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 10.12.2019

ТВ Алфа – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 10.12.2019

ТВ Канал 5 – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 10.12.2019

ТВ Нова – (член 64 став 3 од ЗААВМУ) – 10.12.2019

ТВ Нова – (член 92 став 3 од ЗААВМУ) -10.12.2019

ТВ Телма – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 10.12.2019

ТВ Телма – (член 14 од Законот за медиуми) – 10.12.2019



Accessibility

Accessibility