Студенти од Универзитетот во Тетово во посета на Агенцијата

image_pdfimage_print

 Скопје, 12 декември 2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес беше домаќин на студенти од катедрата за медиуми и новинарство на Факултетот за Правни студии и новинарство, при Универзитетот во Тетово.

Студентите има можност подетално да се запознаат со надлежностите, начинот на функционирање и обврските на Агенцијата во поглед на имплементација на медиумската легислатива. При посетата, на студентите им беше презентирана и опремата со која Агенцијата врши мониторинг на медиумските содржини.

Посебен интерес студентите покажаа за осознавање на процесот на регулација на правата за пренос на спортски натпревари, регулацијата на говорот на омраза во медиумите, како и за влијанието на финансиите врз продукцијата на квалитетни програмски содржини. 

Агенцијата останува и понатаму отворена за соработка со сите универзитети и училишта кои имаат интерес за споделување на искуства во областа на медиумите и медиумската регулација.



Accessibility

Accessibility