1

Контролен програмски надзор врз ЕФ-ЕМ 90.3 – Спортско Радио и радио Капитол ФМ

Скопје, 19.12.2019г. –  Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз радијата ЕФ-ЕМ 90.3 – Спортско Радио и Капитол ФМ, со цел да утврди дали постапиле по решенијата за преземање меркa јавна опомена, упатени поради не емитување на пријавениот процент македонска музика, согласно кој добиле намалување на надоместокот за дозволата за радио емитување.

Со надзорот извршен на 4 декември е констатирано дека радиото Капитол ФМ и покрај изречена мерка јавна опомена, продолжи со не емитување 30% домашна музика во периодот од 06:00 до 24:00 часот, во анализираното деноноќие. Надзорот над ЕФ-ЕМ 90.3 – Спортско Радио, покажа дека е постапено по законските одредби.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ЕФ-ЕМ 90.3 – Спортско Радио – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ) – 19.12.2019

Капитол ФМ – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ) – 19.12.2019