1

Контролен програмски надзор врз Радио ЗОНА М-1

Скопје, 20 декември 2019г. –  Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз Радио ЗОНА М-1 од Скопје, за да утврди дали е постапено по решенито за преземање меркa јавна опомена, упатена поради не емитување на пријавениот процент македонска музика, согласно кој добил намалување на надоместокот за дозволата за радио емитување.


Во анализираното деноноќие на 20 ноември 2019 година, констатирано е дека Радио ЗОНА М-1 и покрај изречената мерка јавна опомена, продолжи со не емитување на потребниот процент домашна музика во периодот од 06:00 до 24:00 часот.

Извештајот е достапен на следниот линк:

 Радио ЗОНА М 1 – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ) – 20.12.2019