Редовен програмски и административен надзор врз МРТ 1 и МРТ 2

image_pdfimage_print

Скопје, 27 декември 2019 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски и административен надзор врз Македонска Радиотелевизија – Прв програмски сервис (МРТ 1) и Втор програмски сервис (МРТ 2) за повеќе законски обврски – употреба на јазикот во програмите, емитување најмалку 12 часа програма и најмалку 40% програма изворно создадена како македонски аудио и аудиовизуелни  дела на дневно ниво, заштита на малолетните лица, правила за емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, обезбедување квизови или други облици на наградно учествување, обврски при користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, обврски за импресум, информации достапни до корисниците и идентификација на радиодифузер.

Со надзорот е констатирано дека на програмскиот сервис МРТ 1 на 2 декември 2019 година емитувани се промотивни најави за играна програма без да бидат означени со сигнализација за заштита на малолетните лица. Дополнително прекршување кај МРТ 1 е констатирано на 10 декември 2019 година, кога во три наврати беше емитувана најава за играниот филм „Национална безбедност“, при што преземените делови од филмот содржат говор емитуван изворно на англиски јазик, без превод на македонски јазик.

 Извештаите се достапни на следните линкови:

Прв програмски сервис (МРТ 1) – (член 64, член 90 и член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 27.12.2019

Втор програмски сервис (МРТ 2) – (член 64, член 90 и член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 27.12.2019

Прв програмски сервис (МРТ 1) – (член 14 од ЗМ, член 15 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) –  27.12.2019

Втор програмски сервис (МРТ 2) – (член 14 од ЗМ, член 15 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) –  27.12.2019

Прв програмски сервис (МРТ 1) – (член 50 став 3, членовите 53, 54, 55, 98, 99, 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) –  27.12.2019

Втор програмски сервис (МРТ 2) – (член 50 став 3, членовите 53, 54, 55, 98, 99, 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) –  27.12.2019

Accessibility