Скопје, 31 декември 2019 – Советот на Агенцијата на 47-та седница одржана на 26 декември 2019 година, врз основа на констатации од извршени надзори каде е утврдено непочитување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесе 2 Решенија за изрекување на мерки јавна опомена.
Врз ТВ КОМПАНИ 21-М мерка јавна опомена е изречена поради eмитување поп-ап реклами на поделен екран меѓу кои не минал законски пропишаниот период од најмалку 15 минути.
На ТВ КЛАН МАЦЕДОНИА мерка јавна опомена е изречена поради емитувани пласирани производи без да биде јасно означено дека програмата содржи пласирање производи.
Изречените мерки јавна опомена може да се преземат на следните линкови:
ТВ КОМПАНИ 21-М – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 31.12.2019
ТВ КЛАН МАЦЕДОНИА – (член 55 став 5 од ЗААВМУ) – 31.12.2019