Изречени мерки јавна опомена за три телевизии

image_pdfimage_print

Скопје, 02 јануари 2020 – Советот на Агенцијата на 47-та седница одржана на 26 декември 2019 година, врз основа на констатации од извршени надзори каде е утврдено непочитување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесе 4 Решенија за изрекување на мерки јавна опомена.

На ТВ КЛАН МАЦЕДОНИА мерка јавна опомена е изречена поради необезбедување превод на албански или македонски јазик, односно јазиците на кои што медиумот емитува програма согласно дозволата.

НА ТВ Сител му изрече 2 мерки јавна опомена, едната поради eмитување поп-ап реклами на поделен екран меѓу кои не минал законски пропишаниот период од најмалку 15 минути и втората за заштита на малолетните лица од програми што би можеле да му наштетат на нивниот физички, психички или морален развој.

Врз ТВ Нова мерка јавна опомена е изречена поради заштита на малолетните лица од програми што би можеле да му наштетат на нивниот физички, психички или морален развој.

Изречените мерки јавна опомена може да се преземат на следните линкови:

ТВ КЛАН МАЦЕДОНИА – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 31.12.2019

ТВ Сител – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 31.12.2019

ТВ Сител – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 31.12.2019

ТВ Нова – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 31.12.2019

Accessibility