Објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво – општина Куманово

image_pdfimage_print

Скопје, 08.01.2020г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објавува јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис, музичко-говорно радио од специјализиран формат за народна музика на македонски јазик, на локално ниво на подрачјето на општина Куманово кој ќе се емитува преку радиофреквенција определена од страна на АЕК и тоа 87.5 MHz.

  • Конкурсната документација за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво на подрачјето на општина Куманово и образецот – Пријава за учество на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво на подрачјето на општина Куманово, можат да се подигнат во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Палата „Панко Брашнаров“, ул. „Македонија“ бр. 38, Скопје, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот;
  • За документацијата се плаќа надоместок во износ од 60.000,00 (шеесет илјади) денари на жиро сметка: 300000000618023, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје;
  • Пријавите на кандидатите кои нема да го платат надоместокот за документацијата, кои ќе бидат поднесени по истекот на рокот определен со Одлуката за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, како и некомплетните, неуредно пополнетите пријави и пријавите кои нема да бидат поднесени во 2 (два) примерока (оригинал и копија), нема да се разгледуваат.

Пријава за учество на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво на подрачјето на општина Куманово

 

Accessibility