Објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво – општина Тетово

image_pdfimage_print

Скопје, 08.01.2020г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објавува јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис  за непрофитна радиодифузна установа наменeт за студентската популација, на албански и македонски јазик, на локално ниво на подрачјето на општина Тетово, кој ќе се емитува преку радиофреквенција определена од АЕК и тоа на 107.2MHz.

  • Конкурсната документација  за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво на подрачјето на општина Тетово и образецот – Пријава за учество на јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Тетово, можат да се подигнат во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Палата „Панко Брашнаров“, ул. „Македонија“ бр.38, Скопје, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот;
  • За документацијата се плаќа надоместок во износ од 60.000,00 (шеесет илјади) денари на жиро сметка: 300000000618023, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје;
  • Пријавите на кандидатите кои нема да го платат надоместокот за документацијата, кои ќе бидат поднесени по истекот на рокот определен со Одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво на подрачјето на општина Тетово, како и некомплетните, неуредно пополнетите пријави и пријавите кои нема да бидат поднесени во 2 (два) примерока (оригинал и копија), нема да се разгледуваат.

Пријава за учество на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво на подрачјето на општина Тетово

Accessibility