Изречени две мерки јавна опомена на МРТ 1

image_pdfimage_print

Скопје, 27 јануари 2020г.  – Советот на Агенцијата на 4-та седница одржана на 24 јануари 2020 година, врз основа на констатации од извршени надзори каде е утврдено непочитување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесе 2 Решенија за изрекување на мерки јавна опомена за Првиот телевизиски програмски сервис на МРТ.

Едната мерка јавна опомена се однесува на емитувана промотивна најава на игран филм изворно на англиски без превод на македонски јазик, додека втората за емитување промотивни најави на играна програма без сигнализација за заштита на малолетните лица.

Изречените мерки јавна опомена може да се преземат на следните линкови:

 МРТ 1 – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 27.01.2020

МРТ 1 – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 27.01.2020



Accessibility

Accessibility