Вонреден програмски надзор врз ТВ Телма

image_pdfimage_print

Скопје, 28 јануари 2020 – Агенцијата по претставка на физичко лице, изврши вонреден програмски надзор врз ТВ Телма за да утврди дали телевизијата на својата програма употребува соодветна категоризација за заштита на малолетните лица.

При надзорот на програмата емитувана на 7 јануари, утврдено е дека играниот филм „Среќниот Принц“ е погрешно означен како програма од втора категорија (8+) и емитуван во несоодветен временски период од деноноќието, односно пред 20 часот. Според критериумите во Правилникот за заштита на малолетните лица, филмот треба да биде означен како програма од трета категорија, што не се препорачува за деца под 12 години, односно да се емитува само во периодот од 20:00 до 05:00 часот.

Извештајот од спроведениот надзор е достапен на линкот:

 ТВ Телма – (член 50 став 3 од ЗААВМУ и членовите 14 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица) – 27.01.2020



Accessibility

Accessibility