Контролен програмски надзор врз ТВ Алфа и ТВ Телма

image_pdfimage_print

Скопје, 04 февруари 2020 година – Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз ТВ Алфа и ТВ Телма, за да утврди дали постапиле по решенијата за преземање меркa јавна опомена претходно упатени од Агенцијата, заради непочитување на правилата за емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации. Надзорот покажа дека двете телевизии не постапиле по мерките јавна опомена.

ТВ Алфа на 19 јануари 2020 година, во забавно информативните емисии „Најдобриот работник“ и во дебатната емисија „Што не е јасно“, емитуваше реклами на поделен екран (поп-ап), меѓу кои не поминал период од најмалку 15 минути.

Кај ТВ Телма прекршок на правилата за нови рекламни техники е констатиран во репризното издание на информативната емисија „Телма Амбуланта“, емитувано на 29 јануари 2020г.

Извештаите се достапни на следните линкови:

Коригиран извештај на ТВ Алфа (од 4.02.2020) – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 10.02.2020

ТВ Телма – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 04.02.2020



Accessibility

Accessibility