Скопје, 05 февруари 2020 година – Врз ТВ Нова од Гевгелија, извршен е контролен програмски надзор за да утврди дали е постапено по решенијата за преземање меркa јавна опомена, упатени заради не емитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела во период од 07 до 19 часот, и за не обезбедување превод на емитуваните странски канали на македонски јазик.
Надзорот покажа дека телевизијата постапила целосно по мерките јавна опомена.
Извештаите се достапни на линковите:
ТВ Нова – (член 92 став 3 од ЗААВМУ) – 04.02.2020
ТВ Нова – (член 64 став 3 од ЗААВМУ) – 04.02.2020