Контролен програмски надзор врз ТВ Канал 5

image_pdfimage_print

Скопје, 07 февруари 2020 година – Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз ТВ Канал 5, за да утврди дали е постапено по мерката јавна опомена упатена заради непочитување на правилата за користење нови рекламни техники. 

Надзорот спроведен на 10 јануари 2020 година покажа дека ТВ Канал 5 нема постапено по решението за изрекување јавна опомена, односно во две изданија на емисијата „Бекстејџ“ повторно се емитувани поп-ап реклами на поделен екран, меѓу кои нема растојание од најмалку 15 минути.

Извештајот е достапен на линкот:

ТВ Канал 5 – (член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 од Правилникот за нови рекламни техники) – 07.02.2020

 



Accessibility

Accessibility