Светскиот ден на радиото во знакот на разноликоста

image_pdfimage_print

Скопје, 13 февруари 2020 – Под покровителство на УНЕСКО денес се одбележува деветтото издание на Светскиот ден на радиото, кое оваа година е во знакот на разноликоста.

Годинешните теми имаат за цел да го поттикнат плурализамот кај сите радио канали, да ги охрабрат редакциите да ангажираат лица од различни општествени групи, а разноликоста во уредувачката содржина и во програмите да го рефлектира диверзитетот на публиката.

Широкиот спектар на програми, гледишта и содржини преку кои ќе се отсликуваат ставовите и мислењата на различни групи граѓани, придонесува за општествена промена и е можност за обединување.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на сите радиостаници во земјава, им го честита Светскиот ден на радиото и ги повикува да дадат сопствен придонес во неговото одбележување.

Accessibility