Скопје, 14 февруари 2020г. – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз 10 издавачи на печатени медиуми, со цел да констатира дали истите објавиле податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на печатениот медиум, податоци за одговорното лице, уредниците, печатницата, датум на печатење или препечатување и број на печатени примероци, согласно обврската од Законот за медиуми.
Со надзорот е констатирано дека печатените медиуми опфатени со надзорот ја исполниле оваа обврска.
Извештајот е достапен на линкот:
Општ извештај – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 10.02.2020