Скопје, 28 февруари 2020г. – За почитувањето на обврските за објава на податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на печатениот медиум кој го издаваат, податоци за одговорното лице, уредниците, печатницата, датум на печатење или препечатување и број на печатени примероци, спроведен е редовен административен надзор врз издавачите на печатените медиуми Арс Ламина, Визиони М, Јени Балкан од Скопје и Медиум Боја 43 од Штип.
Надзорот покажа дека издавачите на печатени медиуми во целост ја исполниле обврската од членот 14 став 1 од Законот за медиуми.
Извештајот е достапен на линкот:
Општ извештај (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 27.02.2020