Отворена Јавна расправа за Нацрт-Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување и Нацрт-Упатство за потврдување на извештаите за емитувано ППР

image_pdfimage_print

Скопје, 28.02.2020 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес отвора Jавна расправа за текстот на Нацрт-Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси и Нацрт-Упатството за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни да учествуваат во Jавната расправа со свои мислења и предлози за двата документа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.

Јавната расправа трае до 6 март 2020 година.

 



Accessibility

Accessibility