СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

image_pdfimage_print

Скопје, 5 март 2020 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во врска со шестмесечната условна затворска казна за главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски поради оддавање службена тајна.

Изрекувањето затворски казни за новинари кои информираат за теми од висок јавен интерес може да доведе до појава на автоцензура, а со тоа и до нарушување на слободата на информирање, слободата на изразување, но и на поширокиот јавен интерес.

Агенцијата потсетува дека една од суштинските задачи на медиумите е токму јавниот надзор над работата на политичките и јавните органи преку кој се гарантира нивната одговорност и транспарентност. Истовремено, потсетуваме дека медиумите при вршењето на својата работа мора да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди.



Accessibility

Accessibility