АВМУ НЕМА ДА РАБОТИ СО СТРАНКИ – КОМУНИКАЦИЈА ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ И ТЕЛЕФОНСКИ

image_pdfimage_print

Скопје, 16 март 2020 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно Препораката на Владата доколку е возможно да се организира работа од дома, а со цел превенција од појава и ширење на Ковид-19 (корона вирус), во следниот период нема да работи со странки.

Се замолуваат сите субјекти, правни и физички лица, целокупната документација, видливо и читко скенирана или сликана, да ја доставуваат преку е-адресата: contact@avmu.mk. Документацијата ќе се смета за уредно доставена и истата ќе биде заверена во деловодната книга, за што испраќачот ќе биде повратно известен.

На истата адреса, contact@avmu.mk треба да се испраќаат и сите претставки, прашања и слично, при што странките треба да остават и  податоци за контакт. Агенцијата својот одговор ќе го испрати на оставената е-адреса или пак телефонски ќе ги контактира странките.

Ваквиот начин на работење на Агенцијата ќе биде на сила до завршувањето на ограничувањата што ги препорачаа Владата и Министерството за здравство.

Accessibility