Скопје, 13 април 2020г. – По добиена претставка од физичко лице за три изданија на емисијата „Бекстејџ“, емитувани на 7 април 2020 година, врз ТВ Канал 5 е спроведен вонреден програмски надзор.
Надзорот покажа дека во посочените изданија на емисијата „Бекстејџ“ не е сторено прекршување, односно не е присутен говор на омраза и не е констатирано непочитување на начелата за вршење на дејноста.
Извештајот е достапен на линкот:
ТВ Канал 5 (член 48 и член 61 од ЗААВМУ) – 13.04.2020