1

Вонреден програмски надзор врз ТВ Сител

Скопје, 13 април 2020 – Врз програмата на ТВ Сител, емитувана на 21, 22, 30, 31 март и на 1, 2 и 3 април 2020 година, по добиена претставка од физичко лице спроведен е вонреден програмски надзор за почитување на правилата за заштита на малолетната публика.

При надзорот е утврдено дека седум хронолошки последователни епизоди од играниот серијал „Сестри“ се погрешно класификувани како програма од втора категорија, а одредени премиерни изданија и сите репризи се емитувани во погрешен временски период од деноноќието.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот:

ТВ Сител (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 13.04.2020