Скопје, 22.04.2020г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 115 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма. Предмет на надзорот е обврската на радиодифузерите кои на сопствената програма треба да ги објават податоците за сопственичка структура, уредништво и извори на финансирање во претходаната година, најмалку три пати годишно во ударните термини и снимка од објавата да достават до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на објавувањето.
Надзорот покажа дека оваa законска обврска не ја исполнил ТВ ИРИС од Штип .
Извештаите се достапни на следните линкови:
Општ извештај – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 22.04.2020
ТВ ИРИС – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 22.04.2020