Редовен административен надзор врз сите радиодифузери што емитувале радио и телевизиска програма во 2019 година

image_pdfimage_print

Скопје, 4 мај 2020г. – Врз сите 115 радиодифузери коишто емитувале радио и телевизиска програма во 2019 година, извршен е редовен административен надзор за обврската на надлежното регулаторно тело да му достават писмен извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио или телевизиско емитување, а особено за спроведувањето на програмскиот концепт.

Надзорот покажа дека сите радиодифузери – 47 телевизии и 68 радиостаници, ја исполнија обврската да достават извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио или телевизиско емитување во 2019 година.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот:

Општ извештај (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 4.05.2020

Accessibility