Скопје, 13 мај 2020г. – Заради непочитување на законските одредби за заштита на малолетната публика, Советот на Агенцијата на 18-та седница одржана на 6 мај 2020 година, донесе решенија за изрекување мерка јавна опомена на ТВ Сител и ТВ Телма.
Мерка јавна опомена на ТВ Телма и беше изречена заради погрешна категоризација на играните филмови „Соба со пијано“ и „Три дена во септември“ и нивно емитување во несоодветни временски периоди од деноноќието.
За ТВ Сител, јавна опомена е изречена заради погрешна категоризација на седум хронолошки последователни епизоди од играниот серијал „Сестри“ и емитување на одредени премиерни изданија и сите репризи во погрешен временски период од деноноќието.
На телевизиите им е даден временски рок од 30 дена за законско усогласување на програмата.
Мерките јавна опомена се достапни на линковите: