Скопје, 14.05.2020 година – Согласно Уредбата со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во време на вонредна состојба (Службен весник на РС Македонија бр.123/20), јавната расправа за следните подзаконски акти:
– Нацрт–Упатство за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на Р.С. Македонија, со прилог Образец;
– Нацрт–Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година, со четири прилози кон Нацрт-Правилникот,
„може да се спроведе со употреба на средствата за електронска комуникација и истата трае 15 дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила“.
Во врска со ова, Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни да учествуваат во Jавната расправа по нацрт документите, и своите мислења и предлози во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk, заклучно со 27.05.2020 година.
Добиени мислења и забелешки од заинтересирани страни
– Мислења и предлози по Нацрт-Правилник и Нацрт-Упатства од А1 Македонија ДООЕЛ Скопје
– Коментари за Нацрт-Правилник и Нацрт Упатство од Македонски Телеком АД Скопје
– Забелешки за Нацрт-Упатства и Нацрт Правилник од Канал 5 Телевизија
- НАЦРТ – ПРАВИЛНИК за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси
- НАЦРТ – УП АТСТВО за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на РС Македонија
- НАЦРТ – УПАТСТВО за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од странска држава