Вонреден програмски надзор врз ТВ Сител

image_pdfimage_print

Скопје, 15.05.2020г. – По добиени претставки од физички лица за играниот серијал „Белата робинка“, врз програмата на ТВ Сител спроведен е вонреден програмски надзор за обврските за заштита на малолетната публика.

Надзорот покажа дека пет премиерно емитувани епизоди и четири репризи од играниот серијал „Белата робинка“, емитувани на 6, 7, 8, 11 и 12 мај 2020 година, беа погрешно означени како програма од втора категорија (8+) и беа емитувани во несоодветни програмски термини.

Според критериумите од Правилникот за заштита на малолетните лица, играниот серијал „Белата робинка“ требало да биде означен како програма од трета категорија, која не се препорачува за деца под 12 години, односно да биде емитуван само во периодот од 20:00 до 05:00 часот.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот:

ТВ Сител (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 15.05.2020

Accessibility