Објавен извештај за медиумската сопственост на радиодифузерите и издавачите на печатени медиуми

image_pdfimage_print

Скопје, 30 јуни 2020 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес објави извештај со податоци за сопствениците на радиодифузерите и на издавачите на печатените медиуми во јуни 2020 година. За да се обезбеди целосна транспарентност на сопственоста на медиумите, Агенцијата ги обезбеди и податоците за сопствениците на правните лица кои поседуваат удели во сопственоста на радиодифузерите или на издавачите на печатени медиуми.

Извештајот со податоците за сопствениците на радиодифузерите и на издавачите на печатените медиуми се состои од два дела. Првиот дел се однесува на радиодифузерите и во него, во засебни глави, се содржани податоците за сопствениците на телевизиите и на радијата и за интеграцијата на капиталот кај радиодифузерите во јуни 2020 година. Во овој дел, исто така, е даден опис на промените во сопственоста на радиодифузерите во 2019 година, а опфатени се и активностите коишто Агенцијата ги презеде во 2019 година во насока на утврдување недозволена медиумска концентрација и во насока на следење на сопственичката структура на радиодифузерите од аспект на почитување на законските одредби поврзани со ограничувањата за стекнување сопственост.

Во вториот дел од Извештајот, се прикажани податоците за сопственоста на издавачите на печатени медиуми.

Извештајот со податоците за сопствениците на радиодифузерите и на издавачите на печатените медиуми во јуни 2020 година е достапен на линкот.

 

Accessibility