Редовен административен надзор врз АМПТЕАМ

image_pdfimage_print

Скопје, 30 јуни 2020г. – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз АМПТЕАМ издавач на печатените медиуми М магазин и Авто плус со цел да констатира дали истите објавиле податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на печатениот медиум, податоци за одговорното лице, уредниците, печатницата, датум на печатење или препечатување и број на печатени примероци, согласно обврската од Законот за медиуми.

Со надзорот е констатирано дека печатените медиуми опфатени со надзорот ја исполниле оваа обврска.

Извештајот е достапен на линкот:

АМПТЕАМ – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 30.06.2020

Accessibility