1

Трошоци на директорот на Агенцијата за првата половина на 2020 година

Скопје, 3 јули 2020 година – Согласно заложбите за транспарентност и отчетност и следејќи ја воспоставената пракса за објавување на трошоците на директорот д-р Зоран Трајчевски на секои шест месеци, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ја известува јавноста за следново:

Во периодот од јануари до 30 јуни 2020 година, директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, има направено трошоци во вкупен износ од 133.874,00 денари и тоа по следните ставки:

     1.При патувања во странство – 46.824,00 денари од кои:

  • за авионски билети – 19.155,00 денари и
  • за хотелско сместување – 27.669,00 денари.
  1. Трошоци за репрезентација во земјава (угостителски услуги) – 70.145,00 денари.
  2. За службен мобилен телефон – 16.905,00 денари.