Редовен административен надзор врз сите 116 радиодифузери

image_pdfimage_print

Скопје, 17 јули 2020 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 116 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска и радио програма.

Предмет на надзорот беше обврската на радиодифузерите, на сопствената програма да ги објават податоците за сопственичка структура, уредништво и извори на финансирање во претходаната година, најмалку три пати годишно во ударните термини и снимка од објавата да достават до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на објавувањето. Овие податоци по втор пат радиодифузерите беа должни да ги објават најдоцна до 30 јуни 2020 година.

Надзорот покажа дека сите радиодифузери ја исполниле обврската од Законот за медиуми.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот:

Општ извештај (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 17.07.2020



Accessibility

Accessibility