Вонреден програмски надзор врз ТВ Телма – заштита на малолетната публика

image_pdfimage_print

Скопје, 24 јули 2020 година – По добиена претставка од физичко лице, извршен е вонреден програмски надзор врз ТВ Телма за почитувањето на обврските за заштита на малолетната публика.

При надзорот беше утврдено дека играниот филм „Три дена во септември“ емитуван на 15 јули 2020 година е погрешно означен како програма од втора категорија (8+) и емитуван во несоодветен временски период од деноноќието, односно пред 20:00 часот.

Согласно Правилникот за заштита на малолетните лица, филмот „Три дена во септември“ требало да биде означен како програма од трета категорија (12+) и емитуван само во период од 20:00 до 05:00 часот.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот:

ТВ Телма (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 24.07.2020

Accessibility