Заканите кон новинарите се апсолутно неприфатливи

image_pdfimage_print

Скопје, 24 јули 2020 – Во врска со закани упатени преку социјалната мрежа „Фејсбук“ кон новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Брнс, Агенцијата ги осудува и потсетува дека ваквите појави не само што се апсолутно неприфатливи, туку претставуваат и загрозување на слободата на информирање.

Нападите и заканите кон новинарите, вклучително и оние упатени на социјалните мрежи, претставуваат директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество.

Новинарите работат во интерес на јавноста и се еден од главните коректори и промотори на демократските процеси. Токму затоа неопходно е да се создадат услови новинарите, ослободени од притисоци, професионално да ја извршуваат својата работа – информирање на јавноста.

Accessibility