Скопје, 27 јули 2020 година – Со надзорот над изборното медиумско претставување, емитувано на програмата на ТВ Алсат-М и ТВ Шења, во периодот од 24 јуни до 12 јули 2020 година, констатирано е прекршување на членот 75 став 1 од Изборниот законик.
Имено, при известувањето за време на изборната кампања за Предвремените парламентарни избори, двата радиодифузера не обезбедија избалансирано покривање на изборниот процес во дневно информативните изданија и во посебните информативни емисии во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници.
Извештаите од надзорот се достапни на линковите:
ТВ Алсат-М (член 75 став 1 од Изборниот законик) – 27.07.2020