Усвоен Извештајот за платено политичко рекламирање за време на изборната кампања

image_pdfimage_print

Скопје, 30 јули 2020 година – На денешната 30-та седница, Советот на Агенцијата го усвои Извештајот за платеното политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, за време на изборната кампања за Предвремените парламентарни избори 2020 година.

Податоците во Извештајот се добиени преку мониторинг на емитуваното платено политичко рекламирање на 69 радиодифузери, коишто се регистрираа во Регистарот на ДИК и склучија договори со учесниците во изборната кампања, од кои 38 телевизии и 31 радио. Дополнително сите податоци се проверени низ постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги на радиодифузерите.

Извештајот за платеното политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите може да се преземе на следниот линк.

Accessibility