Објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво – општина Тетово

image_pdfimage_print
Скопје, 19.08.2020г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објавува јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис  за непрофитна радиодифузна установа наменeт за студентската популација, на албански и македонски јазик, на локално ниво на подрачјето на општина Тетово, кој ќе се емитува преку радиофреквенција определена од АЕК и тоа на 107.2MHz.

– Конкурсната документација за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво на подрачјето на општина Тетово и образецот – Пријава за учество на јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Тетово, можат да се подигнат во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Палата „Панко Брашнаров“, ул.„Македонија” бр.38, Скопје, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот;

– За документацијата се плаќа надоместок во износ од 60.000,00 (шеесетилјади) денари на жиро сметка: 300000000618023, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје;

– Пријавите на кандидатите кои нема да го платат надоместокот за документацијата, кои ќе бидат поднесени по истекот на рокот определен Одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво на подрачјето на општина Тетово, несоодветно обележаните пријави, некомплетните пријави (кои нема да ги содржат сите документи и прилози согласно Пријавата), неуредно пополнетите пријави, како и пријавите кои нема да бидат поднесени во 2 (два) примерока (оригинал и копија), нема да се разгледуваат.

Kрајниот рок за поднесување на пријави по јавниот конкурс е заклучно со 08.10.2020 година (четврток).

Пријава за учество на јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис на локално ниво на подрачјето на општина Тетово



Accessibility

Accessibility