Редовен програмски надзор врз Телевизија 3, ТВ Ирис, ТВ Канал Вис, ТВ Кисс&Менада, ТВ Полог и ТВ Шутел
Скопје, 2 септември 2020 година – Редовен програмски надзор за почитувањето на правилата при емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, заштита на малолетната публика, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, емитување игри на среќа и обезбедување квизови или други облици на наградно учество е извршен врз регионалните Телевизија 3, ТВ Ирис, ТВ Канал Вис, ТВ Кисс&Менада, ТВ Полог и ТВ Шутел.
При надзорот на програмата на ТВ Ирис емитувана на 10 август, утврдено е дека еден игран филм е емитуван со погрешна предупредувачка сигнализација, а повеќе играните програми пред почетокот на емитувањето не се означени со предупредувачка сигнализација за заштита на малолетниците. Кај останатите регионални телевизии не се констатирани прекршувања.
Извештаите од извршените надзори се достапни на линковите: