Вонреден административен надзор врз здружението Паблик издавач на „Лице в лице“

image_pdfimage_print

Скопје, 7 септември 2020 година –  Агенцијата спроведе вонреден административен надзор врз Здружението на граѓани за истражување, комуникации и за развој Паблик Скопје, издавач на печатениот медиум „Лице в лице“, со цел да констатира дали истиот објавил податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на печатениот медиум, податоци за одговорното лице, уредниците, печатницата, датум на печатење или препечатување и број на печатени примероци, согласно обврската од Законот за медиуми.

Со надзорот на изданието бр.041, 2020 на „Лице в лице“ е констатирано дека во целост е исполнета законската обврска.

Извештајот е достапен на линкот:

Паблик – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 07.09.2020

Accessibility