Мерки јавна опомена за 9 радиодифузери

image_pdfimage_print

Скопје, 11 септември 2020г. – Советот на Агенцијата на 32-та седница одржана на 10 септември 2020 година, врз основа на констатации од извршени надзори каде е утврдено непочитување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесе 11 Решенија за изрекување на мерки јавна опомена за 9 радиодифузери.

Поради емитување програма на странски јазик без да биде обезбеден превод на јазиците на кои телевизиите емитуваат програма согласно дозволата, мерка јавна опомена е изречена на МРТ2, ТВ Шутел, ТВ Сонце, ТВ Полог и на ТВ Кисс&Менада.

На ТВ Компани 21-М, ТВ-Канал Вис и ТВ Шутел, јавна опомена е изречена заради не емитување 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, на ТВ Компани 21-М и ТВ Клан Мацедониа за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика, дедека на ТВ Шења заради непочитување на обврските при прикажување на пласирани производи на програмата.

Изречените мерки може да преземат на линковите:

МРТ2 (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 11.09.2020

ТВ Шутел (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 11.09.2020

ТВ Сонце (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 11.09.2020

ТВ Полог (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 11.09.2020

ТВ Кисс&Менада (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 11.09.2020

ТВ Компани 21-М (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 11.09.2020

ТВ Канал Вис (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 11.09.2020

ТВ Шутел (член 92 став 3 од ЗААВМУ) – 11.09.2020

ТВ Компани 21-М (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 11.09.2020

ТВ Клан Мацедониа (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 11.09.2020

ТВ Шења (член 55 став 7 од ЗААВМУ) – 11.09.2020

Accessibility