1

Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година

Скопје, 25.09.2020 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја изработи Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година.

Во оваа Анализа е опфатено економското работење на радиодифузерите во 2019 година, односно податоците за вкупните приходи, уделите на радиодифузерите во вкупните приходи, структурата на приходите, вкупните трошоци, уделите во вкупните трошоци и структурата на трошоци, резултатот од работењето и просечниот број на вработени во редовен работен однос, како и податоци од мерењата на телевизиската и радиската публика во 2019 година.

Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година е достапна на следниот линк.