Изречени мерки јавна опомена на ТВ ИРИС, ТВ-КАНАЛ ВИС,ТВ ПОЛОГ и ТВ ШУТЕЛ

image_pdfimage_print

Скопје, 29 септември 2020 година Советот на Агенцијата на 33-та седница одржана на 25.09.2020, врз основа на констатации од извршени надзори каде е утврдено непочитување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми, донесе 6 Решенија за изрекување на мерки јавна опомена.

На Телевизија ИРИС од Штип, ТВ-КАНАЛ ВИС од Струмица и ТВ ШУТЕЛ од Скопје, изречени се мерки јавна опомена поради необезбедување информации што треба да им се направат достапни на корисниците.

На ТВ ИРИС од Штип и Телевизија ПОЛОГ од Тетово, мерки јавна опомена им се изречени и за прекршување на обврската за објавување на импресум. Дополнително за ТВ ИРИС од Штип, Советот на Агенцијата донесе мерка јавна опомена и поради непочитување на обврската заштита на малолетните лица.

Изречените мерки може да се преземат на линковите:

ТВ-КАНАЛ ВИС – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 28.09.2020

Телевизија ПОЛОГ – (член 14 од Законот за медиуми) – 28.09.2020

ТВ ШУТЕЛ – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 28.09.2020

Телевизија ИРИС – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 28.09.2020

Телевизија ИРИС – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 29.09.2020

Телевизија ИРИС – (член 14 од Законот за медиуми) – 29.09.2020



Accessibility

Accessibility