Скопје, 30 септември 2020 година – За законските обврски коишто се однесуваат на објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни на корисниците и за објава на идентификација на радиодифузерот, редовен административен надзор е извршен врз Радио Роса – АБ од Скопје, Радио Зона М-1 од Скопје, РА РФМ од Скопје, Скај Радио од Скопје и РА Урбан ФМ од Скопје.
При надзорот е утврдено дека Скај Радио и РА Урбан ФМ на 7 септември 2020 година во дел од емитуваните програми, не ги објавија податоците што се должни да ги емитуваат на содветно место за секоја содржина од програмскиот сервис, а Скај Радио не ги обезбеди и информациите што треба да им се направат достапни на корисниците.
Извештаите од извршените надзори се достапни на линковите:
Радио Роса – АБ – (член 14 од Законот за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 30.09.2020
Радио Зона М-1 – (член 14 од Законот за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 30.09.2020
РА РФМ од Скопје – (член 14 од Законот за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 30.09.2020
Скај Радио – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 30.09.2020
Скај Радио – (член 14 од Законот за медиуми) – 30.09.2020
РА Урбан ФМ – (член 14 од Законот за медиуми) – 30.09.2020