Скопје, 30 септември 2020 година – Редовен програмски надзор за употреба на јазикот во програмите на радиодифузерите, емитување на доброволно пријавениот процент домашна музика и дневно емитување најмалку 12 часа програма на радио е извршен врз Радио Роса – АБ од Скопје, Радио Зона М-1 од Скопје, РА РФМ од Скопје, Скај Радио од Скопје и Урбан ФМ од скопје.
При надзорот беше утврдено дека РА Зона М-1 на 10 септември 2020 година, не емитувше 30% музика на македонски јазик во периодот од 06:00 до 00:00 часот, од вкупно емитуваната музика во анализираното деноноќие, истиот прекршок беше констатирано и кај Скај Радио кој на 10 септември 2020 година, не емитувaше 15% музика на македонски јазик во периодот од 06:00 до 00:00 часот, од вкупно емитуваната музика во анализираното деноноќие.
Извештаите се достапни на следните линкови:
Радио Роса – АБ – (член 64, член 80 ставови 7, 8 и 9 и 90 од ЗААВМУ) – 30.09.2020
Радио Зона М-1 – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ) – 30.09.2020
Скај Радио – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ) – 30.09.2020
РА РФМ – (член 64, член 80 ставови 7, 8 и 9 и 90 од ЗААВМУ) – 30.09.2020
Урбан ФМ – (член 64, член 80 ставови 7, 8 и 9 и 90 од ЗААВМУ) – 30.09.2020